Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига Кирил Ричлиев го продолжи договорот за соработка со ОК „ЏИО Струмица“.
„За уште поголеми успеси, поголеми резултати и создавање на поголем број на нови репрезентативци, тренерот го зголеми стручниот штаб. Асистенти кај помладите категории ќе му бидат: Костадин Ричлиев, Јане Попов, Васе Михаилов, Киро Арабаџиев и Владо Милев кој ќе помага во развојот на одбојкарите во сите категории по најновите европски програми на CEV. За здравјето на играчите повторно лидер на медицинскиот тим ќе биде Д-р Кочо Манчев. Со него ќе бидaт Д-р Душан Королија и физиотерапевтот Александар Црвенковски“, истакнаа од клубот на нивната официјална фејсбук страница.
Comments are closed.