Стојчевски Игор главен судија на натпреварот Пелистер – Академија Пандев

Академија Пандев во недела ќе гостува во Битола, каде во рамките на 1. коло од Првата лига, ќе се соочи со повратникот во елитата, екипата на Пелистер. На натпреварот кој се игра на стадионот „Под Тумбе Кафе“ главен судија ќе биде Стојчевски Игор од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Василевски Даниел и Видиниќ Дарко, исто така од Скопје. За четврт судија на натпреварот делегиран е Илиоски Влатко од Прилеп. Делегат на натпреварот ќе биде Савов Жанко од Скопје, додека Ристески Марјан од Кичево ќе бие контролор. Натпреварот се игра со почеток од 17:30 часот, без публика.

ФОТО: АРХИВА

ФОТО: АРХИВА

Comments are closed.