Академија Пандев се засили со Кире Маркоски и Кристијан Трапановски

Екипата на Академија Пандев пред стартот на Првата лига, договори уште две засилувања. Во Струмица доаѓаат Кире Маркоски и Кристијан Трапановски, се работи за двајца фудбалери кои играат на крилните позиции, а кои важат за големи засилувања во редовите на струмичкиот прволигаш. 25-годишниот Маркоски во Академија Пандев пристига од АЕЛ Лимасол, а претходно настапуваше за Спартак Трнава, Работнички и Македонија ЃП. Маркоски веќе има настапувано за сениорската селекција на Македонија. Кристијан Трапановски е младински репрезентативец на Македонија и е повратник во тимот на Академија Пандев. 20-годишниот Кристијан е првиот играч со трансфер од Академија Пандев во некој европски клуб, односно во тимот на Славија Прага. Во својата кариера уште има настапувано и за тимовите на Татран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова.

 

Кире Маркоски и Кристијан Трапановски - Академија Пандев

Comments are closed.