Нови пропозиции во ПМФЛ, во случај ако се прекине првенството поради Ковид-19

Управниот одбор на ФФМ на последниот состанок ги усвои предлог-пропозцииите за натпреварување во ПМФЛ за сезона 2020/21, а во истите е опфатено, што ако се прекине првенството поради Ковид-19 ?

ФФМ

• Според пропозициите, ако се одигра под 50% од натпреварите во првенството, шампионатот во ПМФЛ при евентуален прекин ќе се поништи.
• Ако има 50 до 75% од натпреварите, тогаш ќе следи замрзнување на табела. Нема да има шампион и испаѓање, а во Европа ќе играат клубовите според пласманот.
• Доколку се одиграат над 75% од натпреварите, тогаш ќе има регуларно испаѓање и промоција на екипи од понизок ранг.

ПМФЛ стартува на 9 август, а од ФФМ најавија тестирање на играчите на Ковид-19, на трошок на федерацијата.

Comments are closed.