Беласица утре на контролен натпервар со Кожуф

Екипата на Беласица утре ќе одигра контролен натпревар со второлигашот Кожуф од Гевгелија. Натпреварот ќе се игра во Струмица на „Благој Истатов“ со почеток од 17:30 часот. Овој контролен натпревар за Беласица ќе биде последен, пред почетокот на новата сезона. Беласица по една сезона успеа да се врати во елитата, а во првото коло на „Благој Истатов“ во Струмица ќе го пречека Силекс од Кратово.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

Comments are closed.