Беласица сезоната во ПМФЛ ја стартува од Струмица против Силекс

Новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига стартува на 9-ти август, а во ФФМ се одржа ждребувањето за сезона 2020/21. Во првото коло Беласица силите ќе ги одмери со Силекс од Кратово. Овој натпревар Беласица ќе го игра на домашен терен, односно на „Благој Истатов“ во Струмица. По една сезона помината во Втората лига – Исток, Беласица се врати во елитата.

Беласица - Силекс - 1. коло ПМФЛ

Comments are closed.