Академија Пандев утре ќе го одигра последниот контролен натпревар пред почетокот на новата сезона во Првата лига. „Пандевци“ утре силите ќе ги одмерат со второлигашот Тиквеш од Кавадарци. Претходно Академија Пандев одигра пет контролни натпревари, со скор од една победа, три ремиа и еден пораз. На првата контролка со Осогово, фудбалерите на Академија Пандев запишаа убедлива победа од 3:0, со Силекс ремизираа играјќи 1:1, а исти резултат остварија и со Борец. „Пандевци“ со Кожуф одиграа 0:0, додека од Брегалница загубија со 2:0.
Comments are closed.