РК Астраион во група А од Суперлигата – еве ги противниците

Денес, во седиштето на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во машката Суперлига.

Екипата на струмички Астраион ќе се натпреварува во група А.

▪️Група А: Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, Голден Арт КЛ7, Охрид, Радовиш, Пролет
▪️Група Б: Прилеп, Металург, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2

СЕХА-претставниците Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат во плеј-офот, каде ќе играат само најдобрите три екипи од секоја под групите. Сезоната во Суперлигата би требало да започне кон средината на септември.

Ракометарите на Астраион сезоната ќе ја започнат од домашен терен, со натпреварот против РК Радовиш.

Суперлига - групи

Comments are closed.