Охрид и Металург носители, Астраион во петтиот шешир, во петок ќе се формираат групите за Суперлига

Во петок во просториите на Ракометната Федерација на Македонија ќе се изврши ждрепката за новата сезона во Суперлигата. Новата сезона ќе има 16 екипи, од кои 14 ќе бидат поделите во две групи од по седум екипи кои ќе се натпреваруваат во регуларниот дел од сезоната. Екипите од СЕХА-натпреварувањето Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат во плеј-офот, каде ќе играат само најдобрите две екипи од секоја од групите, додека сите останати ќе играат во плеј-аутот и ќе се борат за опстанок во елитата.

АРХИВА

АРХИВА

Во улога на носители пред ждрепката се јавуваат најдобрите екипи од минатата прекината сезона, тоа се Металург и Охрид.

Шешири пред ждрепката за Суперлигата:
Прв шешир: Металург и Охрид
Втор шешир: Тинекс Пролет и Бутел Скопјe,
Трет шешир: Радовиш и Еурофарм Пелистер 2
Четврти шешир: Струга и Работнички
Петти шешир: Астраион и ГРК Тиквеш
Шести шешир: КЛ7 и Прилеп
Седми шешир: Јуниор Кисела Вода и Младост.

 

Comments are closed.