Беласица утре на Градскиот стадион во Штип ќе одигра контролен натпревар со Брегалница. Натпреварот ќе се игра во ноќен термин под рефлектори, со почеток од 19:00 часот. Натпреварот ќе се игра без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.
Претходно Беласица одигра две контролни средби. Во првата загуби минимално со 0:1 од Силекс, додека во втората беше убедлива со 3:1 над Тиквеш.
Comments are closed.