Распоредот на пријателски натпревари на Академија Пандев

Академија Пандев до крајот на подготовките за новата сезона во ПМФЛ, ќе одигра уште 4 контролни натпревари. Претходно, „пандевци“ одиграа два контролни натпревара, во првиот против второлигашот Осогово каде забележаа убедлива победа од 3:0, додека втората контролка беше против Силекс од Кратово, натпревар кој заврши со резултат 1:1.

Пријателски натпревари - Академија Пандев

На 22 јули Академија Пандев ќе игра против прволигашот Борец, на 25 јули против второлигашот Кожуф, на 28 јули против Кит-Го, екипа која се натпреварува во Втората лига – Исток, додека на 1 август „пандевци“ силите ќе ги одмерат со еден од главните кандидати за влез во ПМФЛ, екипата на Тиквеш од Кавадарци.

Comments are closed.