Во Штип под рефлектори – пријателско дерби меѓу Брегалница и Беласица

Во среда на Градскиот стадион во Штип, во ноќен термин ќе се одигра пријателско дерби меѓу Брегалница и Беласица, во рамки на подготовките за новата сезона. Струмица Сити ја контактираше Беласица за подетални информации за овој контролен натревар, од каде што добивме одговор, дека контролниот натпревар ќе се одигра во среда во ноќен термин, но точен саат се уште нема. Натпреварот ќе се игра без публика.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

Претходно Беласица одигра две контролни средби. Во првата загуби минимално со 0:1 од Силекс, додека во втората беше убедлива со 3:1 над Тиквеш.

Comments are closed.