Нови три лица позитивни на Корона вирусот во Струмица

Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во:109800997_2442424426064576_5557133448627013326_o

-Скопје 24
-Куманово 6
-Штип 24
-Прилеп 1
-Тетово 7
-Струга 9
-Битола 1
-Охрид 6
-Гостивар 4
-Струмица 3
-Крива Паланка 1
-Радовиш 5
-Кочани 2
-Свети Николе 3

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од:

-Скопје 27
-Куманово 16
-Прилеп 4
-Тетово 4
-Кавадарци 1
-Гевгелија 1
-Крива Паланка 3
-Кратово 1
-Кичево 1
-Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249, бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946.

Comments are closed.