Академија Пандев: Таневски доби прв професионален договор како шеф на стручен штаб

Александар Таневски и официјално ќе биде тренер на Академија Пандев и во следната сезона. Таневски кој го замени Југослав Тренчовски на клупата на „пандевци“ беше тренер неколку месеци, а од клубот се решија да ја продолжат соработката со него и во новата сезона.

Александар Таневски - Академија Пандев 2 Александар Таневски - Академија Пандев

„Честитки за првиот професионален договор во тренерската кариера како Шеф на стручен штаб на тренерот Александар Таневски. Му посакуваме многу успеси со Академија Пандев“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.