Љупче Дориев од вчера е новото засилување на Шкендија. Клубот од Тетово го засили нападот со искусниот Дориев кој доаѓа од редовите на Академија Пандев. Дориев и Шкендија се договорија за тригодишна соработка и истата ќе трае најмалку до 2023 година. Во тимот тој доаѓа како замена за Марјан Радески кој замина на спротивната страна и потпиша со Академија Пандев. Дориев го одработи и првиот тренинг со својот нов клуб.
Comments are closed.