Едно лице од Струмица почина од Ковид-19 – нови четворица позитивни

Една пациентка на 61-годишна возраст, која се лекувала на клиниките во Скопје, е вториот регистриран смртен случај во Струмица, а има и четири нови лица позитивни на Ковид-19.

strumicaВо минатиот ден се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 73
- Куманово 10
- Дебар 1
- Штип 60
- Прилеп 5
- Тетово 32
- Струга 3
- Велес 1
- Битола 3
- Охрид 2
- Гостивар 14
- Гевгелија 6
- Струмица 4
- Крива Паланка 3
- Радовиш 3
- Крушево 1
- Кочани 8
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 2
- Виница 1
- Кратово 1
- Свети Николе 5
- Кичево 2

Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица.

- Скопје 40
- Битола 1
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Кичево 1
- Ресен 7

Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.

 

Comments are closed.