Академија Пандев му се заблагодари на Дориев – беше миленик на струмичани

„Академија Пандев ја прифати понудата на Шкендија за Љупче Дориев, кој заминува да ги брани боите на тетовскиот тим. Дориев беше еден од најдобрите поединци во нашиот тим и миленик на струмичката публика. Желбата за промена и нови предизвици кај фудбалерот, беа клучен фактор за реализација на трансферот, а ние како клуб му посакуваме многу успеси во понатамошната кариера. Љупче ти благодариме за се што направи за нашиот клуб“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Љупче Дориев - Академија Пандев

Comments are closed.