Беласица со убедлива победа на контролката со Тиквеш

Беласица денес на „Благој Истатов“ во Струмица одигра контролен натпревар со второлигашот Тиквеш. На овој тест, Струмичани запишаа убедлива победа од високи 3:1 над Тиквеш. Во првиот дел од натпреварот домаќините постигаат два гола, со што резултатот на полувреме беше 2:0 за Беласица. Во вториот дел од натпреварот гостите од Кавадарци постигнаа гол за 2:1. До крајот на натпреварот Беласица прикажа одлична игра и постигна гол за конечни 3:1.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

За Беласица оваа е втора контролка, откако на претходната забележа минимален пораз од 0:1 од Силекс. Тиквеш во првиот контролен натпревар кој го одигра во Велес против Борец, одигра 0:0.

Comments are closed.