Академија Пандев ремизираше на контролката со Силекс

Денес во Струмица на спортскиот комплекс „Горан Пандев“ во Струмица, се одигра контролен натпревар меѓу екипите на Академија Пандев и Силекс од Кратово. Гостите преку Тантуровски поведоа први вп 15. минута од натпреварот. Кратовчани позитивниот резултат го чуваа се до 85. минута од натпреварот, кога Сашко Пандев стрелаше за 1:1, со што го постави и конечниот резултат.

За двете екипи оваа беше втора контролка. „Пандевци“ на првата контролка со Осогово беа убедливи, додека Силекс победи со минимални 0:1 над Беласица.

Спортски центар Пандев - АРХИВА

Спортски центар Пандев – АРХИВА

Comments are closed.