Беласица утре ќе го одигра вториот контролен натпревар против второлигашот Тиквеш од Кавадарци. Овој тест натпревар ќе се игра на „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток од 17:00 часот. Претходно, Беласица одигра контролен натпревар со Силекс во Струмица, во овој натпревар гостите од Кратово славеа со минимални 0:1, додека пак Тиквеш во Велес се тестираше со прволигашот Борец, овој натпревар заврши 0:0, односно без победник.
Comments are closed.