Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на вчерашните парламентарни избори.
Според обработени податоци од 93,96 отсто од избирачките места, како што соопшти Државната изборна комисија (ДИК), коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освоила 36,13 отсто од гласовите, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 34,65, ДУИ 11,57, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, Левица 3,96 и ДПА 1,48 проценти. Врз основа на првичните проекции, овие коалиции и партии ќе освојат мандати во новиот собраниски состав.
По објавувањето на овие резултати од страна на ДИК, Заев на прес-конференција изјави дека коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со освоени три пратеници повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и со можност за добивање на уште еден или два мандати.
Comments are closed.