Академија Пандев го засилува нападот со Марјан Радески

Марјан Радески го засилува нападот на Академија Пандев. 25-годишниот сениорски репрезентативец на Македонија денеска потпиша договор и се приклучува на подготовките за новата сезона. Еден од најдобрите напаѓачи во ПМФЛ кој подеднакво добро игра и на крилните позиции доаѓа како големо засилување за струмичани. Радески претходно во кариерата има настапувано за екипите на Шкендија, Металург и 11 Октомври Прилеп.

Марјан Радески - Академија Пандев

Comments are closed.