Екипата на Беласица денес ќе го одигра првиот контролен натпревар против Силекс од Кратово, во рамките на подготовките за новата сезона. Натпреварот се игра со почеток од 17:45 часот во Струмица на стадионот „Благој Истатов“. Беласица е повратник во Првата лига, а овој тест ќе биде одличен за струмичани, додека пак од друга страна Силекс ќе биде наш претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, откако новиот шампион Вардар не доби лиценца за настап во евро куповите.
Comments are closed.