Академија Пандев утре го игра првиот контролен натпревар против Осогово

Прволигашот Академија Пандев утре (вторник) ќе го одигра првиот контролен натпревар против второлигашот Осогово од Кочани, на теренот на Академија Пандев. Првично Академија Пандев имаше договорено контролка со Македонија Ѓорче Петров, но бидејќи кај „лавовите“ има позитивни на Ковид-19, овој натпревар се одложи, па „Пандевци“ ќе се тестираат со Осогово.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Натпреварот ќе започне во 18:00 часот. Ова ќе биде прва контролка и за двете екипи. Академија Пандев планира на 20 јули да замине на висински подготовки во Пехчево, додека пак Осогово висинските подготовки ги планира во Крушево, исто така од 20 јули.

Comments are closed.