Академија Пандев закажа четири од планираните шест контролни натпревари пред почетокот на новата сезона

Прволигашот од Струмица, Академија Пандев закажа четири од планираните шест контролни натпревари пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ веќе утре (вторник) ќе го играт првиот контролен натпревар против второлигашот Осогово од Кочани. Првично беше планирано овој натпревар Академија Пандев да го игра против Македонија ЃП, но поради тоа што кај „лавовите“ има позитивни на Ковид-19, „Пандевци“ закажаа тест дуел во истиот термин со Осогово.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

На 18 јули Академија Пандев силите ќе ги одмери со Силекс од Кратово, на 25 јули со второлигашот Кожуф, додека на 1 август со второлигашот Тиквеш од Кавадарци.

Академија Пандев планира на 20 јули да замине на висински подготовки во Пехчево.

Comments are closed.