Деновиве Oпштина Струмица започна со дополнително уредување на просторот околу Габровскиот водопад. Се проширува патеката до третиот водопад во должина од 740 метри, а ширина 1,5 метри во карпестиот дел и истата ќе биде покриена со камен. Патеката ќе биде оградена, ќе има два моста и платформа на третиот водопад, а ќе се уредат и постоечките летниковци со маси и клупи.
Со овие зафати љубителите на природата ќе можат уште повеќе да уживаат во убавините на овој водопад.
Comments are closed.