Пандевци негативни на тестирањата за Ковид-19

„Сениорите, стручниот штаб и вработените во среда имаа тестирање за Ковид-19, сите тестови се негативни. По добиените резултати за корона, вчера се одржаа и тестовите за физичка спремност, а од денес старутваме и со два тренинзи на терен и во теретана. Сите играчи се здрави и се на располагање на тренерот Александар Таневски. Од тимот од минатата сезона, екипата ја напуштија Душан Чубраковиќ, Мите Цикарски, Стефан Костов, Ангел Гранчов, Бојан Најденов, Кристијан Стојкоски, Ѓорги Танушев, Ндуе Мујеци. На сите им посакуваме успеси во понатамошните кариери“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Академија Пандев 1

Comments are closed.