Искусниот тренер Шефки Арифовски ќе биде дел од стручниот штаб на повратникот во Првата лига, Беласица. Арифовски кој е повратник во Беласица, зад себе има богата фудбалска кариера како играч, но и како тренер, каде бил член на стручниот штаб во Хоризонт Турново, Слога Југомагнат, Борча Белград, Селектор на младински селекции на Република Македонија, Кожуф, Академија Пандев и други клубови.
Comments are closed.