Беласица ги започна припремите за новата сезона

Струмичка Беласица си започна подготовките за новата сезона во Првата лига, која ќе започне на деветти август. Првиот тренинг екипата на Беласица го имаше во Дојран. На прозивката се појавија и двете засилувања, Арбен Тафа кој пристигна од Струга ТЉ и Бразилецот Робсон Силва кој дојде од Македонија ЃП.

Ване Милков - прв тренинг Беласица за нова сезона

Младиот тренер Ване Милков заедно со искусниот Шефки Арифовски првата фаза од подготовките ќе ја поминат во Дојран. Наскоро струмичкиот прволигаш ќе ги објави и пријателските натпревари со кои ќе ја темпира формата за во елитата.

Comments are closed.