Александар Таневски останува тренер на Академија Пандев

Александар Таневски останува на тренерската позиција на Академија Пандев.

Александар Таневски

Задоволството за продолжување на соработката е обострано, а Таневски потполно се вклопува во стратегијата на клубот особено кон давање шанса и подигање на квалитетот на младите играчи во сениорскиот тим. Таневски го одреди и својот тим на помошни тренери: Ѓорѓе Стојчев, Ристо Ристов и Александар Стојанов, тренер на голмани Томи Пандев и кондиционен тренер Перо Костовски“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.