Димот од цигари остава непријатен мирис кој тешко се отстранува, особено во зима. Еве неколку лесни начини за отстранување на непријатниот мирис за кратко време:
Користете оцет или јаглен. Во собата каде што се пуши, истурете малку оцет во неколку помали садови или, пак, ставете парчиња активен јаглен. Оцетот и јагленот го собираат и го неутрализираат мирисот.
Прснете парфем врз ладна сијалица. Кога таа ќе се запали, поради топлината на сијалицата, ќе се прошири пријатен мирис кој ќе го прикрие чадот и смрдеата од цигарите.
Можете да посипате сода бикарбона на тепихот и мебелот во собата во која се пушело и по неколку часа да ги поминете со правосмукалка.
Додека имате пушачи во собата, нека прозорецот постојано ви биде отворен. Доколку имат апарат за прочистување на воздухот, редовно менувајте ги филтрите. И миризливите свеќи можат да го апсорбираат чадот.
Одличен непријател против мирисот на цигарите е и кората од цитрус. Оставете кора од неколку цитруси на место каде што се пушело неколку дена. Кога ќе ја отстраните кората, ќе се отстрани и миризбата.
Искористете неколку филтер ќесички мелено кафе и ставете ги во собата во која се пуши. Меленото кафе е моќен апсорбирач на мириси. Искористете го тоа.
Comments are closed.