Се изведува канализационен систем во населеното место Вељуса

По населените места Дабиле и Просениково, се изведува и канализационен систем во населеното место Вељуса. Градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски извршија увид во градежните активности.104605722_2965879536798790_7210265498885223845_n 104948677_2965878936798850_4962915884740953435_n 105300711_2965879276798816_2995284211586167682_n

Инвестиција е поддржана од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со средства во висина од 16.500.000 денари, а учествува и општина Струмица со проект и друга поддршка којашто е неопходна за реализација на ваков тип на проекти.

Овој проект би требало да заврши до крајот на годината, веќе е изведено повеќе од 50 проценти од планираното за овој период и ова е околу 75 проценти од целиот проект којшто треба да изнесува околу 11 километри.

Канализациони системи ќе бидат изведени и во населените места Банско, Градско Балдовци и Баница.

Comments are closed.