ОФИЦИЈАЛНО: Ванчо Стојанов нов спортски директор на Беласица!

Беласица официјално го назначи Ванчо Стојанов за нов спортски директор на клубот. Стојанов е во Беласица веќе три години како кондиционен тренер и во организацијата на повратникот во елитата.

Ванчо Стојанов - спортски директор на Беласица

Стојанов е поранешен учесник на три олимписки игри како атлетичар и тренер, освојувач на три балкански златни медали и рекордер на повеќе атлетски дисциплини. Прогласуван е 9 пати за спортист на годината и е почесен граѓанин на општина Струмица.

Има завршено високо образование во Софија, при спортската академија Васил Левски.

Во фудбалот навлегува во 2012 год, како извршен директор и кондиционен тренер на ФК Турново, каде две години по ред клубот излегуваше во евро фудбалот.

Добитник на повеќе признанија и сертификати од областа на периодизацијата на тренинг и физичка подготвеност во индивидуални и групни спортови, каде последна негова обука беше Barca University Hub на ФК Барселона.

„Благодарност за укажаната доверба од Претседателот Славчо Васков – Пинда и управата на ФК Беласица за извршување на функцијата спортски директор. ФК Беласица е голем клуб и клуб со традиција, така и функцијата спортски директор претставува огромна одговорност. Честитки до нашите фудбалери, стручниот штаб и сите вработени во ФК Беласица за успехот кој го постигнавме оваа сезона, влез во ПМФЛ. Поздрав до сите фанови на нашиот клуб и Ве очекуваме на претстојните натпревари на стадионот Благој Истатов.“ – изјави Стојанов.

Comments are closed.