Нови 164 заболени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во:103964022_2411568552483497_51079233091681690_o

- Скопје 85
- Куманово 24
- Дебар 3
- Штип 5
- Прилеп 3
- Тетово 18
- Струга 5
- Охрид 9
- Гостивар 2
- Гевгелија 1
- Крива Паланка 1
- Кочани 1
- Македонски Брод 1
- Валандово 1
- Свети Николе 2
- Ресен 2
- Неготино 1

Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во:

Скопје 3
Прилеп 6
Струга 1
Велес 1
Виница 1

Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Comments are closed.