ФФМ пресече, фудбалот во Македонија не продолжува и нема да биде прогласен шампион!

Фудбалската федерација на Македонија пресече и на вонредна седница донесе одлука дека првенството и Купот нема да продолжат, со оглед на лошата ситуација и високите бројки на заразени со вирусот ковид-19 во нашата земја.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

ФФМ одлучи дека нема да се прогласи шампион. Тоа значи, иако Вардар до прекинот на шампионат имаше предност од 10 бода пред второпласираниот Силекс, сепак нема да бидат прогласени за шампиони.

Што се однесува пак до излезот во Европа, според актуелниот пласман на табелата, Вардар ќе игра квалификации за Лигата на шампионите, додека Силекс и Шкендија ќе имаат место во квалификациите за Лига на Европа. Но, бидејќи е прекинат и Купот на Македонија, излез во Европа се очекува да добие и четвртопласираната екипа во Првата лига, тоа значи Ренова.

Во случај доколку Вардар остане без евролиценца, тогаш најмногу добива екипата на Македонија ЃП, која како петтопласирана ќе добие место за Европа.

Академија Пандев до прекинот се наоѓаше на седмата позиција на табелата.

Comments are closed.

Web