На денешниот состанок помеѓу ФФМ и претставниците на прволигашките клубови, Федерацијата предложи три сценарија за комплетирање на сезоната. Клубовите ќе треба да се изјаснат за едно од трите понудени сценарија.
- Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последнопласираните четири екипи по завршување на третиот круг) СО ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по завршувањето од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;
- Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по завршувањето од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последнопласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по завршувањето од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања;
- Прекин на првенството и Купот на Македонија;
На денешниот состанок присуствуваше и епидемиологот д-р Жарко Караџоски, кој потврди дека институтот за јавно здравје се обврза да обезбеди 400 тестови за ковид-19, кои би ги опфатиле сите фудбалери и стручни штабови на десетте прволигашки клубови, како и за официјалните лица за натпреварите од ПМФЛ.
Comments are closed.