Пред 10 години Пандев со Интер ја освои Лигата на шампиони

Пред точно 10 години Горан Пандев го освои трофејот од Лигата на шампионите, откако во големото финале, кое се играше во Мадрид, Интер славеше со 2:0 над Баерн Минхен.

Горан Пандев - Лига на шамиони - финале - со македонско знаме

Интер тогаш беше воден од Жозе Мурињо, а струмичанецот беше еден од клучните играчи во таа сезона за „нероазурите“. Во финалето кое се играше „Сантијаго Бернабеу“, Пандев играше од прва минута, а двата гола ги постигна Диего Милито.

Таа сезона покрај трофејот во Лигата на шампионите, Пандев се закити и со трофеите од Серија А и Купот на Италија. Нашиот капитен во Интер остана до 2012 година, одигра 47 натпревари во кои постигна 6 гола, а тоа лето премина во редовите на Наполи.

Comments are closed.