Првата лига продолжува средината на јуни, нема да има испаѓање

Тековната сезона 2019/2020 во Првата лига сепак ќе се догира преку плеј-оф и плеј-аут, но ниту една екипа нема да испадне.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Поголемиот дел од клубовите биле за второто понудено сценарија од страна на ФФМ, а тоа е:

„Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по завршувањето од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последнопласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по завршувањето од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања“

„Рестартот“ би требало да се случи средината на јуни месец, односно 14 јуни. Втората лига нема да продолжи, додека за евентуалното проширување на Првата лига, ФФМ ќе даде одговор во текот на наредните денови.

Comments are closed.