Утре нов состанок на ФФМ и клубовите за иднината на Првата лига

Сезоната во македонскиот фудбал беше прекината уште во март поради пандемијата со Ковид-19, но сè уште нема одлука околу нејзиното завршување.

ФФМ Состанок - Академија Пандев

Претходно клубовите и ФФМ одржаа состанок, каде беше донесена одлука дека за разврска во сезоната ќе се бара алтернативен начин, наместо доигрување на сите предвидени мечеви, преку скратен формат или евентуално воопшто и да не се доигра.

Потребен беше протокол кој ќе ја гарантира безбедност на фудбалерите, стручниот штаб, како и на останатите вработени во клубовите, при евентуалниот „рестарт“ на Првата лига. Истиот веќе беше презентиран до кризниот штаб од страна на федерацијата, а утре со почеток од 12:30 е закажан нов состанок со претставници на клубовите.

На него ќе биде детално презентиран безбедносниот протокол од страна на врвен еподемиолог, па потоа ФФМ, заедно со клубовите треба да донесе одлука околу завршницата од сезоната 2019/20 во ПМФЛ.

 

Comments are closed.