Следната сезона повторно прволигашко градско дерби во Струмица, Академија Пандев – Беласица ?

Беласица е со големи шанси да влезе во Прва лига, бидејќи најверојатно Втората лига нема да продолжи, а прашање е дали воопшто и ќе се „рестартира“ и Прва лига.

АРХИВА

АРХИВА

Првата лига би според информациите првично би се зголемила на 12 екипи, што значи дека следната сезона во ПМФЛ ќе ги гледаме Беласица и Пелистер, како првопласирани екипи од Втората лига – Исток и Запад. Но, не се исклучува можноста да биде проширена и на 14 екипи, со што во ПМФЛ би биле и Брегалница и Скопје, како второпласирани екипи во ВМФЛ – Исток и Запад.

Шансите Струмица да гледа прволигашко градско дерби следната сезона се големи. Наскоро ФФМ треба да одржи уште еден состанок на кои и официјално ќе биде донесена одлуката, на кој начин би се завршила сезоната, дали со доигрување или со прекин.

 

Comments are closed.