Астраион ќе дебитира во Суперлигата

Услови за регуларно да се заврши сезоната нема. Шампион нема да има, а Управниот одбор на федерацијата ќе одлучува кој ќе патува во европските натпреварувања и СЕХА лигата.

РК Астраион - екипа - 07.03.2020
Предлогот на Ракометната федерација на Македонија за следната сезона:

Машката Суперлига од сезона 2020/21 година да брои 16 ракометни екипи, односно моменталните десет екипи од Супер Машката лига од сезона 2019/20 одина, двете екипи од регионалната СЕХА лига и четирите екипи од Првата ракометна лига, (по две прворангирани екипи од двете групи од Прва лига, кои се натпреварувале во сезона 2019/20) согласно моменталниот ранг на табелите (сезона 2019/20).

Тоа значи дека во следната сезоната, Суперлигата ќе биде составена од десетте моментални екипи од Суперлигата, двете екипи од СЕХА натпреварувањето (Вардар и Еурофарм Пелистер) и четирите најдобро пласирана екипи од Првата лига (Тиквеш и Прилеп се враќаат во Суперлигата, додека Астраион и КЛ7).

Comments are closed.