СВР Струмица: Почитувајте ја одлуката на Владата за забрана на движењето

Секторот за внатрешни работи Струмица, упатува апел до  сите граѓани на подрачјето, строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана на движењето од 21.00 до 05.00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.  Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)

Апелираме да се почитува забраната за движење на лицата  и со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 6:00 часот наредниот ден како и  забраната за движење на лицата со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, напоменуваме  дека  се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден. Новите одлуки  на Владата за ограничување на движењето важат од 24 март 2020 година.

 

Граѓаните, можат да ги пријавуваат сите случаеви на лица кои ги прекршуваат одредбите на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192.

Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, доколку  пак се утврди дека сторената активност има елементи на прекршок ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против сторителот/те.

СВР-Струмица будно ќе ја следи состојбата.

Comments are closed.