Се врши дезифенција на улиците во градот и во Градско Балдовци и Дабиле

Општина Струмица заедно со Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица, продолжуваат со активностите за превенција од ширењето на корона вирусот. Покрај секојдневната дезинфекција на улиците во градот, денеска, се дезинфекцираа и улиците во населените места Градско Балдовци и Дабиле, а во наредните денови тоа ќе се направи и во останатите населени места.
Истовремено, дезинфекција се изврши и на пазарот за земјоделски производи „Чешел“, управната зграда на „Комуналец“ и на четири наплатни центри, а во наредните денови планирани се пазарот во ГТЦ Глобал, пазарот на големо и сточниот пазар.90059993_3792254727481979_4401505359936618496_n 90472270_3792254710815314_8809891008373325824_n 90067388_3792254707481981_7105641263696707584_n

Comments are closed.