Општина Струмица формира мобилни тимови за помош на сите возрасни лица

❗Општина Струмица формира мобилни тимови за помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на Општината.89873457_3782259741814811_364824275992969216_n

Тимовите се составени од млади волонтери кои се пријавиле во општина Струмица и волонтери на Црвениот Крст.

Телефони:
071 345 901
075 271 710

❗На ден 17.03.2020 година (вторник) ќе се изврши дезинфекција на улиците и целата урбана опрема во градот. Дезинфекцијата ќе ја вршат ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица.

❗Формирани се специјализирани сили во просторните сили за заштита и спасување за прва медицинска помош и асанација на теренот.

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!

Comments are closed.