Беласица лидер на табелата во Втората лига – Исток

Екипата на Беласица по 16. одиграни кола во Втората лига – Исток е на лидерската позиција, со 40 освоени бодови. Во однос на формата на екипи од последните пет натпревари, Беласица има пет победи, додека Осогово има пет порази.

Беласица - Питу Гули - Струмица - 16. коло 7

Брегалница која е голем конкурент на Беласица за влез во Првата лига, со 37 бодови, односно три помалку од струмичани, е на второто место на табелата. Тиквеш и Кит Го со по 31 бод, го делат третото односно четвртото место на табелата, додека Кожуф од Гевгелија со бод помалку е на петтото место. Каменица Саса игра одлична сезона и со 23 бодови е на шестото место на табелата.

Во опасната зона за испаѓање се Плачковица која е седма со 13 бодови, Победа од Прилеп со 12 бодови е осма, Осогово со шест бодови е деветти на табелата, а на последното место е Питу Гули од Крушево со 4 бодови.

Сите фудбалски лиги поради настанатата ситуација со Корона вирусот, се одложени на неопределено.

Comments are closed.