Академија Пандев загуби во Струмица од Ренова

Академија Пандев продолжува со резултатската криза, откако денес повторно запиша пораз, овој пат од Ренова со минимални 0:1 на домашен терен, во натпревар од 23. коло од ПМФЛ.

Screenshot_20200311-200705_Chrome

“Пандевци” никако да излезат од резултатската криза, а поразот од Ренова ги однесе на седмата позиција на табелата со 28 бодови, и се на само бод повеќе од опасната зоната за испаѓање. Ренова продолжува во борбата за Европа, а во мометот екипата од Тетово е на четвртото место со 31 бод.

Во следното коло, Академија Пандев ќе гостува во Струга, каде ќе ги одмери силите со последнопласираната Струга Трим Лим
Ренова ќе игра градско дерби со Шкендија.

Comments are closed.