Во комбе во Муртино откриени 25 мигранти

Вчера на локалниот пат с.Банско – с.Муртино, струмичко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи-Исток забележале комбе „форд“, со штипски регистарски ознаки, кое влегло во село Муртино.

Возачот побегнал, а во возилото биле пронајдени 25 мигранти, од кои 14 од Авганистан, седум од Пакистан и четири од Иран.

Мигрантите биле задржани во СВР Струмица за понатамошна постапка.полиција

Comments are closed.