Академија Пандев ја пречекува Ренова

Академија Пандев утре на „Благој Истатов“ во Струмица, ја пречекува екипата на Ренова од Тетово, во натпревар од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Ренова - Струмица, Младост 5. коло ПМФЛ 4

Натпревар важен за двете екипи. „Пандевци“ немаат пролетна победа и се во голема резултатска криза, па утре ќе се обидат со новиот тренер да дојдат до прва пролетна победа, додека од друга страна, Ренова има серија од три победи, па гостите од Тетово ќе се обидат истата да ја продолжат.

Академија Пандев по 22. одиграни кола се наоѓа на петтото место на табелата со 28 бодови, исто толку бодови има и Ренова која е на седмата позиција.

Натпреварот се игра со почеток од 14:00 часот.

Comments are closed.