Беласица со победа над Питу Гули од Крушево

Беласица запиша нова победа во Втората лига – Исток, овој пат над Питу Гули од Крушево со 2:0, во натпревар од 16. коло.

Беласица - Питу Гули - Струмица - 16. коло 7

Беласица се мачеше со одбраната на гостите од Крушево, а резултатот беше отворен во 79. минута, откако Беласица постигна гол од пенал. Само 4. минути подоцна, Беласица со втор гол, ги постави конечните 2:0 и ја забележа 13 сезонска победа.

Струмичките фудбалери се на првото место на табелата со 40 бодови, три повеќе од конркурентот за Прва лига, Брегалница од Штип. Питу Гули по поразот во Струмица останува на последното место на табелата со 4 бодови.

Во следното коло Беласица игра дерби натпревар во Штип против Брегалница, додека Питу Гули ќе биде домаќин на Кожуф во Крушево.

Comments are closed.