Стојанов главен судија на натпреварот меѓу Беласица и Питу Гули

Беласица во рамки на 16. коло од Втората лига – Исток, на „Благој Истатов“ во Струмица, ќе ја пречека екипата на Питу Гули од Крушево.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Главен судија на овој натпревар ќе биде Стојанов Стојанче од Штип, додека негови помошници ќе бидат Ѓеоргиев Богданчо од Кочани и Гигов Александар од Штип. За четврт судија на натпреварот одреден е Костовски Здравко од Штип. Делегат на натрпеварот ќе биде Смаиловиќ Нафил од Скопје, додека контролот ќе биде Манасиев Горан од Велес.

Во овој натпревар струмичани влегуваат како апсолутни фаворити за победа. Натпреварот се игра со почеток од 14:00 часот.

Comments are closed.